Спречен обид за нелегално изнесување девизи

pari evra
pari evra

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ е спречен обид за нелегално изнесување девизи, при што се запленети 27 000 евра.

Zito akcija 640x289px

„На 18.07.2023 година околу 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин. При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани“, наведува Управата.

Agria

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување прекршочна постапка. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: