Спречен шверц на над две илјади парчиња разна стока – копачки, парфеми, облека

Мобилен тим при контрола на товарно моторно возило на граничниот премин Табановце откри и спречи шверц на вкупно 17 чифта патики копачки од брендовите „Најки“ и „Адидас“, скриени во кабината во пределот на совозачкото седиште.

Zito akcija 640x289px

На граничниот премин Деве Баир, при контрола на автобус што сообраќа на релација Турција – Косово, под душекот на креветот за одмор на возачите и во багажниот простор се пронајдени непријавени 894 парчиња облека, 125 парфеми и 7 тоалетни води. Производите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Agria

Во други четири случаи мобилни тимови спречија обид за шверц на над илјада парчиња разна стока, која не била опфатена со увозните декларации. Станува збор за музички инструменти, очила, тротинети, пегли, ранци, сандали, индукциска печка за топење благородни метали, платно во должина од 7.557 метри и други производи. Вишокот производи се запленети, а против сторителите се поднесени прекршочни пријави.

На граничниот премин Меџитлија царински службеници спречија шверц на медицински ЕХО-апарат со сонда, откриен при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички. На прашањето на царинските службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, возачот, инаку македонски државјанин, одговорил дека нема ништо за пријавување, при што поради сомневање извршена е контрола. При контролата е откриен непријавениот ЕХО-апарат со вкупна вредност од 217.710 денари. Апаратот е запленет, а против сторителот ќе се води соодветна постапка.

Царинските службеници на граниче иотпремин Богородица на излез од државата извршија детаљна контрола на товарно возило со босански регистарски таблички, управувано од босански државјанин. При контролата е забележано дека царинската пломба e оштетена по што е извршена контрола на товарниот дел. Притоа помеѓу стоката натоварена во камионот беа пронајдени 15 илегални мигранти од Кина. Мигрантите и возилото се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: