
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8.
И утре како и денеска во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Температурата денеска и утре ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник. Потоа следува период на стабилно време.
Можеби ќе ве интересира:
