Средба во Тетово Мицкоски – Касами: Oваа влада треба час поскоро да замине за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија

Mickoskis - kasami

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Тетово каде се сретна со градоначалникот и лидер на БЕСА, Билал Касами. Како што изјави Мицкоски по средбата, двајцата се согласиле дека оваа влада мора да си замине.

Zito akcija 640x289px

„За мене претставува посебна чест и задоволство што денеска сум овде во општина Тетово, што можам да разговарам со градоначалникот на општина Тетово и претседател на политичката партија БЕСА. Имавме навистина исклучително конструктивен  состанок. Разговаравме на актуелните теми кои што ги мачат сите граѓани во Македонија, разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација, како што кажа градоначалникот зборувавме за предизвиците со енергетската криза. И навистина дојдовме до еден заеднички заклучок, а тоа е и практично заклучокот на огромно мнозинство граѓани, би рекол повеќе од две третини дека државата оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа влада треба час поскоро да замине за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица“, рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Agria

Мицкоско додаде дека „колку подолго оваа влада на СДСМ и ДУИ остане таму каде што е, толку повеќе проблеми ќе имаат сите граѓани, толку повеќе полни автобуси ќе ја напуштаат Македонија и најголем дел од нив никогаш нема да се вратат, толку повеќе ќе имаме корупција, ќе имаме криминал и ќе имаме лоша економска состојба.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27693/video-6/