ССМ пресмета, синдикалната минимална кошница за октомври е 51 514 денари

Potrosuvacka kosnica

За неопходните трошоци на едно четиричлено семејство, за да се прехрани и да одржува хигиена со евтини средтва, а да нема ниту автомобил, во октомври биле потребни 51.514 денари, пресмета Сојузот на синдикати.

Zito akcija 640x289px

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека за една година за 16.940 денари пораснала вредноста на синдикалната минимална кошничка. Сојузот на синдикати на Македонија континуирано ја следи економската состојба во државата, а посебно од аспект на обезбедување на основни егзистенцијални права за достоинствен животен стандарт на работниците и граѓаните.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од месец во месец, велат дека драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец. ССМ бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: