До 8:00 часот утринава, на територијата на државата биле евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според соопштението, 12 од пожарите се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола, оној во Општина Берово на планина Готен кон Малешевските планини.
Од ЦУК потенцираат дека екипите на терен остануваат во готовност и продолжуваат со мониторинг на состојбата за да спречат повторно активирање на пожарите или појава на нови жаришта.
Надлежните апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при движење во природа и да не палат оган на отворен простор, со цел да се спречи ризикот од нови пожари.