Стартува Третата фудбалска лига – Југ, четири екипи од Велес и велешко во трка за врвот

Borec Ultras Treta Liga 18.11.2023

Овој викенд официјално започнува новата сезона во Третата фудбалска лига – Југ, каде љубителите на фудбалот повторно ќе имаат можност да уживаат во возбудливи натпревари. Во оваа лига ќе се натпреваруваат и четири екипи од Велес и велешкиот регион, ФК Борец, ФК Превалец, ФК Башкими од село Горно Јаболчиште и новиот член на лигата, ФК Тополка.

Борец, кој минатата сезона испадна од Втората лига, ќе се обиде со нови сили да се врати на победничките патеки, а Превалец како една од најстабилните екипи во третолигашкото друштво ќе се обиде да направи еден чекор погоре. Минатогодишното изненадување, Башкими, повторно ќе се обиде да остави силен впечаток, додека Тополка, како победник на велешката Општинска лига, ќе се натпреварува во третолигашката конкуренција.

Agria

Првото коло носи интересни дуели. Превалец на домашен терен ќе го пречека новиот член на лигата – Млекар. Борец ќе има тежок предизвик на гостински терен против незгодниот Росоман. Башкими ќе патува во Лажани каде ќе се соочи со екипата на Слога, а Тополка го игра својот прв третолигашки натпревар во гости против Влазними Јуниор. Сите натпревари ќе започнат во 16:00 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: