Откако се засили со Виктор Трифунов, ракометниот прволигаш Бисинов Фруитленд донесе уште едно засилување. На својата фејсбук страна објавија дека во пролетниот дел дресот на велешани ќе го носи Стефан Кочаров.
Содржината продолжува под рекламата
Кочаров доаѓа од суперлигашот Тинекс Пролет, а претходно настапуваше и за Работнички, Вардар Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Бисинов Фруитленд е единствена екипа со максимален ефект во прволигашката конкуренција. Во разигрувањето за влез во Супер ракометната лига тие пренесоа три бода. Во првото коло од прволигашкиот плеј оф, кое треба да започне или на 24 февруари или на 2 март, велешани гостуваат во Скопје кај екипата на Шампион.
Можеби ќе ве интересира: