Познато име во македонскиот фудбал се врати во Борец. Искусниот стопер Столе Стојчевски е најновото засилување на клубот за пролетниот дел. Велешани го памтат по одличните настапи за Борец пред четири сезони кога велешани се натпреваруваа во Првата фудбалска лига.
„Среќен сум што повторно ќе играм за Борец. Знам дека ќе давам максимум на секој натпревар и дека оваа полусезона ќе обезбедиме опстанок во Втората фудбалска лига, “, рече Стојчевски за „Батали.нет“.
Стојчевски низ минатите сезони настапуваше во ПМФЛ, важи за играч со големо искуство во шампионатот на Македонија. Тој ќе биде огромно засилување за Борец 1919 во борбата за опстанок во Втората фудбалска лига.
Покрај Борец, Стојчевски во минатото го носеше дресот на Скопје, Вардар, Хоризонт Турново, Тетекс, Љубанци, Брера, Работнички, Брегалница, Македонија ЃП, Силекс и Воска.