Стојаноски: Министерството за одбрана ќе ги награди припадниците на армијата кои беа вклучени во гаснењето на пожарите

Министерството за одбрана ќе ги награди сите припадници на Армијата кои што беа вклучени во гаснењето на пожарите, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет.

Zito akcija 640x289px

Стојаноски исто така најави дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите, и ги истакна средствата кои се предвидени во буџетот за 2025 година.

Agria

„Од буџетот кои што доаѓа пред нас и за кои што ќе го изгласаме за 2025 година, тоа покачување најверојатно ќе биде од минимум 10%. За модернизација во Министерството за одбрана предвидени се 380% повеќе, за интеграција во НАТО 13% повеќе, за други градежни објекти 177% повеќе, за разни трансфери 157% повеќе што значи дека овој буџет од аспектот на Министерството за одбрана ќе биде историски највисок и за 20% повеќе од тој што е во 2024 година“ рече Стојаноски.

Тој нагласи дека буџетот за 2025 година од аспект на Министерството за внатрешни работи буџетот за плати ќе биде повисок за 24,3% повеќе.

„За реформи во полицијата за 240% повеќе поради тоа што сакаме да направиме една ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, основни плати за стоки и услуги во полиција за 42% повеќе, бидејќи патни и дневни расходи ќе се зголемат, комунални услуги, материјали и тековно одржување“ објасни Стојаноски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: