Стрип центарот на Македонија го објави традиционалниот меѓународен конкурс за стрип

Strip centar konkurs 2025

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот меѓународен конкурс за стрип. Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 23 Меѓународен стрип салон “ Велес 2025‘-најзначајна стрип манифестација во државата. Истиот е финансиран од страна на Министерството за култура на Македонија и Општина Велес.

Zito akcija 640x289px

Според Томе Трајков-програмски координатор преку салон , македонскиот стрип центар разви импресивна стрип соработка. Без лажна скромност на меѓународно ниво се прерасна во организација –ментор која ја помага стрип сцената во други земји но и се стекна со статус на ЧАДОР-UMBRELLA организација на актуелната македонска стрип
сцена.

Agria

Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип ВЕЛЕС 2025 со реална можност за друг вид на промоција. Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија која што ќе направи избор.

Првата награда, ќе добие 300 евра, Златен стрип, изданија и диплома за прво место. Ќе бидат наградени стриповите за најдобро сценарио, за најдобар млад автор до 18 години, како и други специјални награди.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: