Струјата ќе поскапи за 0,4 отсто за 88% од домаќинствата

smetki za struja
Smetka za struja

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прес-конференција најави поскапување на струјата  за потрошувачите во вториот, третиот и четвртиот блок.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

За граѓаните коишто се во првиот блок, со минимална потрошувачка, нема да има корекции во цената. Во вториот блок цената на струјата ќе се зголеми за 0,85 проценти, во третиот блок цената ќе се покачи за 1,92 проценти, а во четвртиот блок за 1,88 проценти.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Освен покачување на цената на струјата во високата тарифа, првиот човек на Регулаторната комисија објави дека од следниот месец за 0,65 проценти ќе се покачи и цената на евтината тарифа.

Според Бислимоски, од 1 јули струјата ќе биде поскапа за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата, со што нема да биде предизвикан ценовен шок. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: