Судењето за убиствата на Вања и Панче Жежовски се одложи за 20 септември

pance-zezovski-vanja-gjorcevska
pance-zezovski-vanja-gjorcevska

Судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кое денеска требаше да започне во 10 часот, одложено е за 20 септември, бидејќи Кривичниот суд до вчера ги немаше споено обвиненијата против првообвинетиот Љупчо Палески-Палчо и четворицата соучесници, а тоа го стори токму денеска.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Обвинети за ова дело се Љупчо Палевски – Палчо, Влатко Кешишов, Боре Видевски, Велибор Манев, и Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања. На судењето денес обвинетите се појавија со адвокати, со кои ќе се бранат во постапката. Првообвинениот, Љупчо Палевски-Палчо за кого Обвинителството вели дека е планерот и реализаторот на убиствата, не беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според обвинението, петмината обвинети заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: