Судиска четворка од Струмица ќе ја дели правдата помеѓу Борец 1919 и Победа

Borec Sasa prijatelska

Судиска четворка од Струмица ќе ја дели правдата на натпреварот на Градскиот стадион„ Зоран Паунов“ во Велес помеѓу екипите на Борец 1919 и прилепска Победа. Главен судија на овој натпревар ќе биде Сашко Ристов , додека негови помошници ќе бидат Стојан Костадинов и Михаил Џорлев. За четврт судија на натпреварот одреден Ристе Сејменов исто така од Струмица.

Овие судии веќе му судеа на Борец во натпреварот против Скопје во Велес кој заврши 2:2, каде направија неколку грешки. Досудија непостоечки пенал за гостинскиот тим, кој Петар Јакимов го одбрани, а по натпреварот додели и црвен картон за Стефан Филиповски.

Agria

И за двете екипи овој натпревар е од големо значење во борбата за опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Со победа велешани бодовно ќе се приближат кон утрешниот противник, а прилепчани со евентуален поволен исход ќе грабат кон средината на табелата.

Од клубот ги повикуваат сите љубители на фудбалот што помасовно да го посетат овој натпревар и ги бодрат велешките фудбалери. Натпреварот започнува во 14 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: