Support Kocani ја исплати во целост фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!, соопштија од иницијативата.
Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по мерка за 17 лица. Очекуват облеката да пристигне во Македонија понеделник навечер, а веќе во вторник ќе биде доставена до болницата во Кочани.
„Благодарност до сите што донираат. Секој ден, секоја донација, секоја споделена порака прави разлика. Во време на болка, солидарноста е најголем лек. Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови“, велат од иницијативата.