Џо Бајден и се обрати на американската јавност: Ветувам дека ќе бидам претседател кој нема да дели, туку ќе обединува

bajden slavi pobeda
bajden slavi pobeda

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на длабоко поделената нација, заложувајќи се за единство и разбирање по четирите години на власт на досегашниот претседател Доналд Трамп, кој засега не покажа никакви знаци дека планира да го признае поразот.

Zito akcija 640x289px

„Ајде сите да си дадеме шанса едни на други“, кажа тој во Делавер.

Agria

Бајден беше потврден за 64. претседател на САД откако вчера попладне ја освои Пенсилванија, со што го надмина прагот од потребните 270 електорски гласови. Трамп сѐ уште не признал пораз, ниту се обратил во јавност, освен што на Твитер ги повтори своите тврдења за изборна измама.

„Ветувам дека ќе бидам претседател кој нема да дели, туку ќе обединува, кој не гледа црвени и сини држави, туку само Соединетите Американски Држави“, кажа Бајден и директно им се обрати и на приврзаниците на Трамп.

„Го разбирам разочарувањето на сите оние кои гласаа за Трамп, но време е да ја оставиме грубата реторика зад нас, да ја спуштиме температурата и повторно да се погледнеме и слушнеме едни со други. Време е да се оди напред и да престанеме да ги третираме нашите противници како непријатели“.

Претседателскиот кандидат Џо Бајден освои 74 милиони гласови, што е најголема бројка во историјата на изборите во Америка. Бајден во наредните четири години ќе ја води земјата заедно со Камала Харис, првата жена на функцијата потпретседател.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: