Францускиот претседател, Емануел Макрон, и германскиот канцелар, Олаф Шолц, му кажале на рускиот претседател Владимир Путин дека се разочарани од неговите планови да ја признае независнота на самопрогласените републики Донецк и Луганск, соопшти вчера прес-службата на Кремљ по нивните телефонски разговори.
„Макрон и Шолц изразија подготвеност да ги продолжат контактите“, додаваат од Кремљ.
Кабинетот на Шолц соопшти дека тој ја осудува процената на Путин дека Русија може да ги признае двата отцепени украински региона, пренесе „Ројтерс“.
Можеби ќе ве интересира: