Политиката на ЕУ за отворени врати за мигрантите беше погрешна, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за словенечкиот портал Сиол.нет и изрази задоволство што членките на ЕУ денес имаат поинаква политика.
Според австрискиот канцелар, со политиката на отворени врати од времето на првиот голем миграциски бран во 2015/2016 година. бил испратен погрешен сигнал до луѓето кои ги напуштиле своите земји и многу починале на патот.
“Проблемот со илегалната миграција е далеку од решен. Има се повеќе тешкотии со земјите на надворешните граници на ЕУ, мислам пред се на Турција”, рече Курц и додаде дека ЕУ направила грешка пред пет години, кога нејзината политика на “отворена врата” им овозможи на бегалците и мигрантите масовно да влезат во Европа.
Можеби ќе ве интересира: