ВО ИТАЛИЈА ПОЧИНАА 168 ЛУЃЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА, ДРУГИ 2300 СЕ ЗАРАЗЕНИ

Во светот, вкупниот број на инфецирани со коронавирусот надмина 120 илјади.

Zito akcija 640x289px

Починале над 4.300 луѓе, а повеќе од 66.000 оздравеле. Утрово е потврден 16-тиот случај на инфекција во Хрватска.

Agria

СЗО го прогласи коронавирусот за глобална пандемија.

Едниот од заразените бил во контакт со заразени во Пула и еден млад човек кој се вратил во Загреб од скијање во Австрија. Одделот за итни случаи на КБЦ Дубрава беше затворено синоќа поради сомнителен случај на коронавирус, потврди министерот Вили Берос, но тестот на човекот бил негативно. Повеќе тестови се во тек.

Италија забележа најголем број смртни случаи од вирусот „Ковид-19“ од сите други земји надвор од Кина, каде што избувнувањето започна во декември. Во последните 24 часа 168 лица починале во Италија, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 631 лица, a вкупно 10.000 се заразени.

Синоќа Турција го потврди и првиот случај на инфекција со коронавирус.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: