СВР Велес: Четири физички напади регистрирани во Велес во вчерашниот ден

semejno nasilstvo

Сектор за внатрешни работи Велес, во дневниот билтен известува за две пријави на физички напади на жени во текот на вчерашниот ден.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 18.09.2024 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода
П.Т.(38) од Велес затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна
сопруга. П.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по
документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„На 18.09.2024 во 13.00 часот во СВР Велес бил извршен службен разговор со А.Л.(44) од
Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 38-годишна
партнерка. По целосно документирање на настанот, против А.Л. ќе биде поднесен
соодветен поднесок“, информираа од СВР Велес.

„На 18.09.2024 во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода
Е.Џ.(43) од Велес постапувајки по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 26
– годишна ќерка со живеалиште во Штип. Е.Џ. бил приведен во полициска станица и по
целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во соопштениетод СВР Велес.

„На 18.09.2024 во 16.20 часот во Полициска станица Велес било пријавено дека во Велес
бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 41- годишната Р.Џ. од Велес
од една страна и 24-годишната А.Д. од Велес и 22-годишната З.А. од Кавадарци, од друга
страна. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира: