Полицијата во продолжениот празничен викенд казни 78 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 40 казни, а во Неготино 14 граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во периодот од 07.00 часот на ден 27.08.2020 година до 07.00 часот на ден 31.08.2020 година на подрачјето на СВР Велес констатирани се 132 прекршоци по член 6 став 1 од уредбата за носење на лична заштита во врска со пандемијата од ковид 19 и тоа 78 прекршоци во Велес, 40 прекршоци во Кавадарци и 14 прекршоци во Неготино“, соопшти Димитар Каракулев од СВР Велес.
Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: