Полицијата вчера казни 11 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 15 казни, а во Неготино седум граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во периодот од 07.00 часот на ден 26.08.2020 година до 07.00 часот на ден 27.08.2020 година на подрачјето на СВР Велес констатирани се 33 прекршоци по член 6 став 1 од уредбата за носење на лична заштита во врска со пандемијата од ковид 19 и тоа 11 прекршоци во Велес, 15 прекршоци во Кавадарци и 7 прекршоци во Неготино“, соопшти Димитар Каракулев од СВР Велес.
Во однос на претходниот ден, полицијата вчера изрекла седум казни помалку. Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: