Светската здравствена организација (СЗО) препорачува да не се брза со вакцинацијата против коронавирусот на децата од 12 до 18 години, туку прво да се вакцинира повозрасното население и лицата кои се во ризичните групи.
„Би сакале повторно да нагласиме дека приоритет треба да биде сите земји да добијат вакцина за високо ризични групи пред да почне вакцинирањето на оние кои се во многу помала опасност од заразата“, рече Кејт О’Брајан, директорка на СЗО за имунизација и вакцинација.
Предупредувањето доаѓа откако Канада во средата ги одобри вакцините Фајзер и Бајонтек за адолесценти од 12 години нагоре, со што стана првата земја што го стори тоа.
Можеби ќе ве интересира: