Тажен ден за македонскиот фудбал: Почина Николче Здравески, легенда на прилепска Победа

Николче Здравески, еден од највпечатливите фудбалери во историјата на прилепска Победа, почина на 54-годишна возраст. Веста за неговата смрт предизвика длабока тага меѓу бројни роднини, пријатели, навивачи и спортски работници кои од синоќа се простуваат од поранешниот голгетер на „црвено-белите“.

Zito akcija 640x289px

Здравески беше препознатлив по својот темперамент, спортски дух и исклучителна борбеност, квалитети поради кои останува запаметен како симбол на генерации навивачи.

Agria

Како играч на Победа, Здравески беше дел од златната ера на клубот. Во 1999 година настапи во двомечот против италијанска Перуџа, а веќе следната година повторно се сретна со силен противник – Парма, екипа што тогаш беше во врвот на европскиот клупски фудбал.

Со прилепскиот клуб го освои Купот на Македонија во 2002 година. Во 2004 година беше избран за најдобар играч и спортист на Прилеп, во сезона кога Победа дојде до својата прва историска титула во Првата фудбалска лига.

Како тренер, во сезоната 2006/2007 ја предводеше Победа до втората шампионска титула и до финале во Купот на Македонија. Истата година беше прогласен за најдобар тренер во државата.

Здравески останува запаметен и по настапите за македонската фудбалска репрезентација, за која одигра два натпревара. Целиот негов живот беше посветен на фудбалот – како играч, тренер и човек што живееше за спортот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: