Текстилец падна пред налетот на кадетите на Фруитленд Борец

Kadeti Tekstilec Fruitlend Borec

Младите ракометари на Фруитленд Борец, ја забележаа и третата победа во кадетската ракометна лига. На гостувањето во Штип тие го совладаа составот на Текстилец со резултат 29:35, и останаа со максимален учинок.

Zito akcija 640x289px

Велешани уште од старт поведоа и не го испуштија водството до крајот на натпреварот. Домашниот состав парираше само до резултат 3:3, а од тој момент кадетите на Фруитленд Борец почнаа резултатски да се одлепуваат. На полувреме се замина со плус 5 за Фруитленд Борец 20:15; а кон средината на вториот дел предноста се искачи и на плус 10, 25:15, но до крајот на натпреварот домашниот состав го ублажи поразот.

Agria

Најефикасни кај Фруитленд Борец беа Давид Стојановски и Борјан Вељановски со по седум постигнати погодоци. Кај Текстилец Мартин Стефанов беше единствена светла точка со девет постигнати погодоци. Во наредното коло Фруитленд Борец го пречекува составот на МРК Куманово.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: