Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско.
“На 23.10.2021 околу 09.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на место викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско, биле пронајдени тела на две починати лица, најверојатно мигранти. По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација” соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
По наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.
Можеби ќе ве интересира: