„Телма“ анкета: Заев со поголема доверба од Мицкоски, 36 отсто од испитаниците не му веруваат на ниту еден политичар

anketa4
anketa4

Лидерот на СДСМ Зоран Заев има 3,8 отсто преност пред лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски но дури 36,1 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичар во Македонија, покажува анкетата на Телма.

Zito akcija 640x289px

Мора да се напомене дека на испитацниците не им беше дадена стандардизира листа на политичари, туку тие самите го наведуваа името на политичарот, во кој најмногу веруваат.

Agria

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го навеле 18,8 отсто од испитаниците а Христијан Мицкоски 15 отсто.

По нив следуваат Али Ахмети до 7,4 отсто од испитаниците, претседателот Стево Пендаровски со 3,8 отсто, техничкиот премиер Оливер Спасовски со 1,8 отсто и вицепремиерката Радмила Шеќеринска со 0,8 отсто.

Осум отсто од испитаниците изјавиле дека најголема доверба имаат вио друг политичар а дури 36,1 отсто немаат доверба во ниту еден политичар во државата.

anketa3

Според етничката припадност на испитаниците Заев има предноста во македонскиот блок но помала. За него се определиле 21,5 отсто од испитаниците додека Мицкоски епрв избор кај 20,4отсто. Лидерот на СДСМ на свое конто книжи и 7,5 отсто доверба од Албанците.

Кај Албанците неприкосновен е лидерот на ДУИ Али Ахмети кого го навеле 31,9 отсто од испитаниците. Зад него е Зијадин Села во кои најголема доверба имаат 12,8 отсто и специфично – Билал Касами од Беса има доверба меѓу Албанците од 1,8 %, а во случаен избор со доверба од 2,7 отсто се појавува министерот за образование во заминување Арбер Адеми.

anketa1

Кога станува збор за недовербата кај Македонците дури 40 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичатр во државата додека кај Албанците тој процент изнесува 23,5 отсто.

Анкетата на  телевизија „Телма“ ја спроведе „М Проспект“ и е на репрезентативен примерок кај 1.003 испитаници. Анкетата беше спроведена телефонски во периодот од 16 до 21 јуни и е со статистичка грешка од 3,1 % и со ниво на доверба од 95%.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: