Од чергиче на под, со една чаша млеко на ден и неискапен 1 година, 11- годишниот Илче од Охрид закрпенува на детската клиника во Скопје.
Неговиот тест за корона е негативен, и откако ќе закрепне на клиниката за детски болести веднаш да биде вселен во малиот групен дом во Демир Капија. Голготата за Илче заврши но го отвори прашањето дали надлежните службите потфрлија.
Додека министерството за здравство испрати тим да го провери работењето на центарот за социјални работи во Охрид, оттаму директорката обвини дека три дена никој не и кревал телефон за да се згрижи момчето со церебрална парализа. Според, Ајтен Мусли, стравот од пандемијата и немањето капацитет биле две прични зошто одговорните одбивале да и помогнат.
Повикот за спас за Илче стасал до сосетка на улицата „Питу Гули“ во Охрид заради болните крици на момчето.
Целото видео на телевизија Телма во продолжение:
Можеби ќе ве интересира: