Тепачка и прекршување на полицискиот час за време на велигденските празници

Veles policiski cas

Тепачка во која учествуваа тројца велешани регистрираше полицијата. Вчера, околу 16:30 часот, откако претходно се расправале, 20-годишниот О.Ш и две години помладиот Д.Ш. физички го нападнале 32-годишниот Ѓ.А. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави.

Zito akcija 640x289px

Во продолжениот празничен полициски час 22 велешани биле фатени како се движат без дозвола, информираат од СВР Велес. Најмногу прекршувања имало вчера, кога дури деветмина велешани го прекршиле полицискиот час.

Agria

Десетмина неготинчани и шестмина кавадарчани уапси полицијата за време на празничниот полициски час.