Тепачка во која учествуваа тројца велешани регистрираше полицијата. Вчера, околу 16:30 часот, откако претходно се расправале, 20-годишниот О.Ш и две години помладиот Д.Ш. физички го нападнале 32-годишниот Ѓ.А. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави.
Во продолжениот празничен полициски час 22 велешани биле фатени како се движат без дозвола, информираат од СВР Велес. Најмногу прекршувања имало вчера, кога дури деветмина велешани го прекршиле полицискиот час.
Десетмина неготинчани и шестмина кавадарчани уапси полицијата за време на празничниот полициски час.