Огромните метежи пред велешките банки вчера доведоа до тепачка пред една од нив. 53-годишен велешанец нападнал член на обезбедувањето на банката, откако претходно бил предупреден за непочитување на протоколите за заштита од коронавирус. Вработениот од обезбедувањето инцидентот го пријавил во полиција вчера во 12:40 часот.
„На 17.08.2020 во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б.Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот“, соопшти полицијата.
Напаѓачот бил приведен во полициската станица Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: