Во сообраќајка кај Башино Село повредено 25-годишно момче

Policija lenta

Тешка сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице се случи денеска околу 14.15 на патот Велес – Башино Село.

Zito akcija 640x289px

Од Итната медицинска помош велат дека 25-годишно момче, во бесознание е транспортирано на хирушкото одделение во велешката болница.

Agria

“Примивме повик во 14:30. Kога медицинската екипа стигна на местото, забележа превртено возилo, а во него едно лице, машка особа на околу 25 години во бесознание и веднаш е транспортиран на хирушкото одделение за понатамошно иследување. Не се забележани надворешни повреди, но можно е да има повреда на ‘рбетен столб”, рече др. Васе Пановска Поп Стефанова, началник на Итна медицинска помош Велес.

Причините за тоа како дошло до несреќата засега се непознати, ниту има информација дали во собраќајната несреќа учествувале и други возила.

Полицијата врши увид по што се очекуваат повеќе информации и детали за несреќата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17250/2020-godina-na-pandemija-i-negativen-rast-2021-godina-na-ochekuvane-i-oporavuvane/