(ФОТО) Тешко повреден е 46-годишен возач во железничката несреќа кај Горно Оризари

46-годишен човек е тешко повреден, кога во неговиот автомобил попладнево, околу 16:30 часот, удри товарен воз кај железничкиот премин близу село Горно Оризари. Тој бил сам во своето возило марка „Цитроен Берлинго“, кога возот кој се движел на релација Прилеп – Велес удрил во него.

Zito akcija 640x289px

По несреќата, на местото на настанот веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата и пожарникарите, кои го извадиле повредениот од возилото. Според она што можеше да се види на терен, по ударот, автомобилот 15-тина метри бил влечен од возот и потоа паднал покрај пругата.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

„Нашата екипа стигна на местото на несреќата шест минути по добиениот повик. Повредениот го затекнав свесен и контактибилен, но со отворена рана на главата, а се жалеше и на болки во `рбетот. Бидејќи не ги чувствуваше рацете и нозете, со помош на луѓе кои беа на местото на несреќата, успеав да го имобилизирам, да му ставам даска на `рбетниот столб и да го транспортирам на хируршкото одделение во велешката болница. Повредениот е маж, роден 1975 година“, рече др. Јадранка Мишкова од итната медицинска помош во Велес.

Текстот продолжува под рекламата

По прегледот, лекарите од велешката болница констатирале дека пациентот има тешки повреди, па го транспортирале на скопските клиники.

„Попладнево на одделот за хирургија, од страна на Итната медицинска помош донесен е пациент на 46-годишна возраст, повреден при несреќа со удар од воз. Во несреќата повредениот се здобил со тешка телесна повреда, фрактура на вратен `рбет, па поради сериозноста на повредата, е препратен на Клиника за неврохирургија во Скопје“, рече др. Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Од Македонски железници ги демантираат обвинувањата на граѓаните по социјалните мрежи, дека несреќата се случила на необележан премин и велат дека овој железнички премин има вертикална сигнализација. Сепак, преминот претставува црна точка, на која секоја година се случуваат неколку инциденти.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22336/na-avtopatot-kumanovo-skopje-veles-utrovo-kazneti-60-vozachi-za-brzo-vozene/