Велешанец на 77-годишна возраст е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Велес – Башино Село, кога во неговиот мопед удрило возило, управувано од негов сограѓанин на 39-годишна возраст, соопшти полицијата.
„Вчера околу 09.20 часот во с. Башино Село, Велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „томос“ управуван од Р.В.(77) од Велес и возило „цитроен ц1“, управувано од П.Д.(39) од Велес. Во незгодата, Р.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес“, соопшти МВР.
Увид на местото нанастанот извршила екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: