Кеги Моби доживеа вистинска катастрофа на гостувањето во Слупчане. Кандидатот за титула во овогодинешно футсал првенство, екипата на КМФ Форца 2015, го декласираше Кеги Моби со резултат 23:2.
Содржината продолжува под рекламата
Свое гол шоу имаше Зоран Левевски, кој постигна дури девет погодоци за домашниот тим. Драган Петровиќ постигна пет, Талант Исмаили три, по два погодоци постигнаа Мартин Тодоровски и Иван Крстевски, додека по еден гол постигнаа Харис Омеровиќ и Јасир Зеќири. За Кеги Моби, Крстевски стрелаше два пати.
Содржината продолжува под рекламата
Во наредното коло Кеги Моби на домашен терен ќе ја пречека екипата на Осогово од Крива Паланка.
Можеби ќе ве интересира: