Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вели Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев

Hristijan Mickoski 09.07.2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, нарекувајќи го „момче“ пратено со задача да го испровоцира.

„Јас реков дека тоа момче е пратено за да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност и апелирам и до вас медиумите. Оставете го тоа момче таму. Тоа е влада која во позадина друг ја раководи, тие луѓе треба да одработат. И му рекле, му дале задача, ајде сега закачај се. Тоа е исто како глушецот кога го задева лавот“, изјави премиерот, по посетата на Црвениот крст на Македонија, по повод 80 години од неговото основање.

Agria

Изјавата доаѓа како реакција на квалификацијата на Георгиев кој го нарече „северномакедонски премиер“. Мицкоски ја отфрли оваа реторика и додаде дека не сака дополнително да го коментира бугарскиот министер.

„Не би го коментирал тоа момче“, кусо одговори премиерот, на дополнително новинарско прашање поврзано со тврдењето на Георгиев дека Европскиот парламент не дозволил Мицкоски да го користи за внатрепартиска пропаганда и дека тој спроведувал кризен ПР.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон Претседателот на Владата и институциите на Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.

„Во врска со ова, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, г. Жељаско Радуков, на кого му беше пренесен официјалниот протест и му беше укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од страна на висок функционер на бугарската влада. Таквите изјави, во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава, претставуваат директна повреда на основните принципи на меѓународното право и дипломатската комуникација. Тие не придонесуваат за унапредување на добрососедските односи и се во спротивност со духот на конструктивен дијалог и заемно почитување што треба да ја води соработката меѓу двете земји“, велат од министерството.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: