По еднонеделна изолација, Том Хенс и неговата сопруга се пуштени од болница, каде беа лечени откако нивниот тест беше позитивен на коронавирус.
Шеесет и три годишниот Том мината недела преку Инстаграм соопшти дека е заразен со коронавирус.
Повеќекратниот добитник на Оскар беше во близина на Бризбејн Австралија за да снима филм-биографија за Елвис Присли во режија на Австралиецот Баз Луман, кога тој и сопругата, и двајцата на возраст 63 години, се зaрaзијa со виpycот Koвид-19. Славната двојка е меѓу 375 лица заразени со коронавирус во Австралија.