Тошковски по филмското убиство во Штип: Гледам една ефикасна реакција од страна на МВР

Pance toskovski minister

По убиството кое се случи на 8 мај во угостителски објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип и дали ќе бидат зајакнати мерките, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека МВР ги презема сите потребни дејствија за да може да се гарантира безбедноста како на територија на Штип, така и на цела држава.

-Сметам дека сето она што треба да се презема од наша страна се презема. Сметам дека Министерството за внатрешни работи е апсолутно и ефикасно делува при откривањето на секој криминал којшто е сторен на територија на Македонија и гледам една ефикасна реакција од страна на МВР и во врска со овој конкретен кривично правен настан. Така да можам да ги охрабрам само чесните, професионални полицајци и понатаму во иднина да постапуваат во насока на обезбедување на потребниот мир на македонските граѓани, изјави Тошковски.

Agria

Тој додаде доколку полициските службеници постапуваат координирано како овој случај ќе се дадат посакуваните резултати, кои ги очекуваат сите македонски граѓани.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: