Бројките за семејното насилство во државава се загрижувачки и потребно е темелно решение со цел намалување на бројот на жртвите – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Факт е дека семејното насилство постои и е секојдневен криминалитет кој ни се случува во Македонија а свесни сме дека огромен број од евидентираните настани во прва фаза, во втора не се процесуираат, бидејќи жртвите се повлекуваат најчесто од прогон. Лично сметам дека и тоа како треба да се фокусираме на промени во овој дел, да ги процесуираме на поинаков начин овие постапки затоа што навистна загрижувачки е фактот од аспкет на бројката на криминалитет поврзнаи со семејсното насилство мораме да го решиме темелно“, посочи минситерот по средбата со литванскиот колега во Скопје.
Министерот исто така, одговорајќи на новинарско прашање истакна дека е задоволен од работатата и резултатите кои ги дал Одделот за внатрешна контрола во изминатата година.
Тошковски рече деке согласно ресурсите со кои располага Одделот има простор и за унапредување, односно професионализација.
Додаде дека со измените на новиот Закон за внатрешни работи и новиот Закон за полиција се овозможувало и мултилитерална сораборка со останатите полициски служби како од Балканот, така и од Европа со што се зголемувал професионалзимот во работењето во рамки на идните контроли и дејствија.
Посочи дека во иднина Министерството ќе биде фокусирано и посветено на професионализација во рамки на работењето на Одделот за внатрешна контрола.