Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Pance toskovski minister

Во Собранието започна расправата за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, која беше поднесена од пратеничката група на партијата Левица.

Zito akcija 640x289px

Министерот Тошковски се обрати пред пратениците, нагласувајќи дека не се направени пропусти од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) во случајот со импровизираната дискотека „Пулс“.

Agria

Тошковски истакна дека не се плаши од одговорност и изрази жалење за секој изгубен живот, додавајќи дека институциите постапуваат согласно законот.

„Пред вас не стојам како министер, туку како човек што ги разбира тежината и одговорноста што ја носи функцијата. Ќе зборувам како личност што носи одлуки, но и како министер и родител“, рече Тошковски.

Во врска со точките од интерпелацијата, Тошковски изјави дека лиценцата за дискотеката „Пулс“ била фалсификувана, а употребата на пиротехнички средства не била дозволена, бидејќи немало барање за дозвола.

Во однос на обвинувањата за наукажување помош од страна на полициските службеници, Тошковски рече дека веднаш по добиената дојава за трагедијата, МВР реагирало со сите капацитети, а полицијата ефективно ги насочила ресурсите.

„Не можам да дозволам да се оцрнува секој полициски службеник и професионалец во рамките на МВР од страна на оние што не ѝ мислат добро на Македонија“, додаде Тошковски.

Интерпелацијата беше поднесена од партијата Левица, која наведува дека немало никаква контрола врз дискотеката „Пулс“, дека нелегално се користеле пиротехнички средства, а дека полициските службеници не укажале помош во критичниот момент. Левица го критикуваше и настанот со употребата на дронови од страна на МВР, што, според нив, било злоупотребено за да се повреди правото на протест.

Освен овие точки, интерпелацијата ги опфаќа и други настани, како што се уапсените граѓани во Гостиварско кои чистеле црква, непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана чувана од полицијата, како и случајот со апсењето и притворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни и кадровската политика во Министерството.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: