Трамп од денеска испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Donald Trump

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека од денес, САД ќе почнат да доставуваат официјални писма до своите трговски сојузници, во кои ќе бидат наведени деталите за новите давачки и трговски спогодби.

Уште во април, Трамп навести за воведување на основна давачка од 10 проценти за скоро сите производи што се увезуваат, со дополнителни “реципроцитетни” давачки за државите кои имаат трговски дефицит со САД.

Agria

Овие мерки беа ставени во мирување на период од 90 дена, кој завршува на 9 јули.

“Писмата со спогодби или давачки ќе бидат испратени до различни држави низ светот од понеделник напладне (16:00 по Гринич)”, објави Трамп на платформата Трут Соушл.

Трамп изрази надеж дека “до 9 јули ќе биде завршено со поголемиот дел од земјите – или со писмо или со договор”, додека неговиот министер за трговија, Хауард Латник, појасни дека новововедените давачки ќе почнат да важат од 1 август.

Според Белата куќа, главната цел на овие мерки е да ги охрабрат останатите држави да ги намалат пречките за американскиот извоз.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: