Трендафилов ги повика сите политички партии на разговор во „Работничкиот дом“ за идниот раст на платите

По состанокот во Владата, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, изјави дека Владата не е пречка за зголемување на минималната плата, туку вистинскиот проблем доаѓа од страна на другите синдикати.

Zito akcija 640x289px

„Само ССМ ги застапува интересите на работниците – бараме раст на платите во јавниот и приватниот сектор. Владата јасно кажа дека не се против зголемување на минималната плата“, рече Трендафилов.

Agria

Тој посочи дека некои синдикати кои присуствуваа на средбата барале укинување на одредби од Општиот колективен договор, што, според него, оди на штета на вработените во јавниот сектор.

„Важно е што Владата не кажа ‘не може и нема да има зголемување’. Тоа го рекоа другите синдикати“, нагласи тој.

Работодавачите од приватниот сектор, според него, се повлекле од преговорите откако виделе дека ССМ е нападнат, а тој ги повика сите политички партии на разговор во Работничкиот дом за идниот раст на платите.

„Состанокот траеше час и половина, а присуствуваше и самиот премиер заедно со министерот за економија. Тоа е позитивен сигнал – не разговараме со советници, туку со клучни носители на одлуки“, изјави Трендафилов.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: