Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:· Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово – по 1.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 2, Велес, Струмица и Кичево – по 1. · Не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.
Бројката на заразени велешано со коронавирусот во моментов изнесува четири лица.