25 велешани со Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а институтот за јавно здравје регистрира и оздравени велешани.
Во последните 24 часа на ниво на целата држава се направени 1682 тестирања, а официјално се потврдени 457 случаи на ковид 19.
Состојбата ширум земјава е следна:
Скопје – 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.
Регистрирани се 700 оздравени пациенти од:
Скопје – 291, Кавадарци – 52, Неготино – 42, Охрид – 38, Велес – 36, Прилеп – 35, Куманово – 26, Крива Паланка – 25, Гостивар – 23, Гевгелија – 18, Битола – 15, Струга – 14, Струмица – 13, Кочани – 11, Богданци – 10, Тетово – 8, Берово – 7, Штип ,Радовиш и Демир Капија – по 5, Пробиштип и Валандово – по 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Демир Хисар – 2, Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа:
8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.
Во Велес од почетокот на епидемијата се заразени 4045 велешани, а во моментов бројката на активни случаи изнесува во Велес изнесува 467 лица.
Moжеби ќе ве интересира: