Трет ден по ред бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница има тренд на намалување. Денеска таму се лекуваат 59 пациенти, соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес. Тоа е за шест пациенти помалку од вчера и за 12 помалку од завчера. Сепак, десет пациетни повеќе од вчера, денеска добиваат кислородна поддршка, односно дополнителен кислород примаат 25 пациетни, за разлика од вчерашните 15.
Од 59-те хоспитализирани, 50 имаат потвредни позитивни тестови, двајца пациенти се сомнителни на вирусот, а седуммина имаат негативни тестови. На инфективното одделение се сместени 43 пациенти, со што по подолго време, на овој оддел има повеќе од 10 слободни болнички кревети. На одделението за физикална терапија се лекуваат 11 пациенти, а на интерното одделение се хоспитализирани пет пациенти. Во последните 24 часа од болницата се испишани пет пациети, кои имаат два последнователни негативни тестови и се сметаат како оздравени.
Од почетокот на пандемијата до денес се регистрирани вкупно 1896 заразени велешани со коронавирус. Од нив, 1116 оздравеа, 62 починаа, а активни се 718 случаи.
Можеби ќе ве интересира: