Трет пораз на кошаркарите на Борец Баскет

Sokoli - Borec Basket

Кошаркарите на Борец Баскет го забележаа и третиот пораз во третиот напревар во Втората кошаркарска лига. Во Штип тие беа поразени од новакот во оваа конкуренција, екипата на Соколи 1933  со резултат 73:58.

Иако на полувреме велешани имаа предност од шест поени, (29:35), сепак таа предност не успеаја да ја зачуваат до крај.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По три одиграни кола во Втората лига, само една екипа може да се пофали со максимален учинок. Својот стонастотен ефект го одржаа кошаркарите на Чаир 2030. Следното коло кошаркарите на Борец Баскет ја пречекуваат екипата на Охрид, која по три одиграни кола има скор од една победа и два порази.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд
Во Раштани поставен камен-темелник на нова црква, Мицкоски: Ова е почеток на едно духовно патување
Салим Сулејмани од крилото на Таравари си поднесе оставка од функцијата