Три нови случаи на заразени од Ковид 19 во Велес

Во изминатите 24 часа се регистрирани 3 нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес соопшти Центарот за јавно здравје Велес.

Zito akcija 640x289px

Кај новодијагностицираните лица, тимот на Центарот за јавно здравје Велес моментално врши епидемиолошка анкета и истражување на контактите.

Agria

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 69 лица од кои 11 излечени, 3 смртни случаи и 55 активни.