Борец Баскет ја засилува својата ротација за претстојната кошаркарска сезона со привлекување на неколку талентирани играчи од домашните тимови. Во составо се приклучуваат петмина нови кошаркари, кои се очекува да донесат свежина и конкурентност во играта.
Од екипата на Водно Санс дојдоа Марко Николовски и Петар Башоски, Христијан Несторовски ќе игра со двојна лиценца од Еуро Никел 2005, како и Даријан Трајковски од екипата на Шкупи, додека Марко Трипуновски пристигна од лидерот на прволигашката конкуренција екипата на ТФТ.
Со овие нови потписи, Борец Баскет очекува да ги оствари своите амбиции за поуспешна сезона и да се бори за висок пласман во домашното првенство. Фановите на клубот можат да се надеваат на возбудливи натпревари и победнички резултати од новите засилувања.