На магистралниот пат кој ги поврзува Кичево и Гостивар, вечерва се случи трагедија. Во близина на селото Трапчин Дол, по судир на три возила, животот го загубија три лица, а осум други се здобиле со повреди, потврдија од полицијата.
Несреќата е пријавена синоќа во 20:55 часот, а веднаш на терен пристигнале екипи на Брза помош, полиција и пожарна. Повредените се хоспитализирани – некои се згрижуваат во Кичево, други се транспортираат кон Скопје.
Глетката, според очевидци, била потресна – уништени возила, силно оштетени каросерии и присуство на голем број итни служби.