Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5 %, а цените на мало за 3.8 %

market TUS

Трошоците за животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3.5 отсто, а цените на мало од 3.8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Zito akcija 640x289px

Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4.4 %, а цените на мало за 4.3 %.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9.9 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.6 %, Здравје за 5.3 %, Разновидни стоки и услуги за 5.1 %, Рекреација и култура за 4.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3.8 %, Облека и обувки за 3.1 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 2.9 %, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4 % и Образование за 0.2 %.

Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Земјоделски производи за 7.1 %, Услуги за 5.0 %, Пијалаци за 4.0 %, Индустриско-прехранбени производи за 3.5 %, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2.1 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.8 %, рекреација и култура за 1.7 %, ресторани и хотели за 0.4 %, облека и обувки за 0.2 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: